Зеленски за масакрот во Москва: Путин е безвреден лидер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече Владимир Путин „безвреден“ лидер поради неговата реакција на нападот во концертната сала „Крокус Сити Хол“ во близина на Москва. Тој го повика Путин дека „молчел еден ден“ пред лажно да ја обвини Украина во „целосно предвидлив“ потег.

Тој му предложи на Путин да ги искористи илјадниците Руси кои умираат на украинска територија за да ги запрат терористите дома, соопшти кабинетот на украинскиот претседател.

„Тие (Русија) донесоа стотици илјади свои терористи овде, на украинска територија. Тие се борат против нас и не им е грижа што се случува во нивната сопствена земја“, истакна Зеленски.

„Сето ова се случи вчера, а овој безвреден Путин, наместо да се занимава со своите граѓани на Русија, да им се обраќа, молчеше еден ден – мислејќи како да го поврзе со Украина. Сè е сосема предвидливо. Стотици илјади Руси кои во моментов умираат на украинска територија сигурно би биле доволни да ги запрат сите терористи“, заклучи украинскиот претседател.

Г. Т.