Интересни вести од Јужна Америка: Членка на УЕФА во иднина ќе настапува на Копа Америка

Интересни вести пристигнуваат утринава од Јужна Америка, каде што беше потпишан договор за соработка помеѓу Конмебол и Фудбалскиот сојуз на Израел, според кој членката на УЕФА во иднина ќе настапува и на Копа Америка.

Израел иако се наоѓа во Азија, сепак е членка на УЕФА и настапува во европските квалификации, преку кои никогаш не обезбедила пласман на Европско или Светско првенство. Единственото учество на Мундијалите го обезбедија во времето кога сè уште не беа дел од УЕФА.

Копа Америка ќе се одржува летово во САД, но Израел нема да учествува на ова издание, а се очекува тоа да биде веќе од следното, кое е планирано за 2028 година, под претпоставка дека нема да се пласираат на Европско првенство.

Ваквите вести навистина се изненадувачки, но и доказ дека фудбалот постојано се менува. Не е новина или чудноо репрезентации надвор од Јужна Америка да настапуваат на нивното првенство, па тоа ќе биде случај и на ова првенство, на кое не само што ќе настапат репрезентации и од Северна и Централна Америка, туку и ќе се одржува надвор од Јужна Америка, односно во САД.

- Оглас -

Најнови вести