Македонија

ДУИ го загуби компасот, прават политичка криза за да останат на власт, наредиле бојкот, вели Меџити

Изет Меџити од ВЛЕН кажа дека ДУИ оди во опозиција, а поради тоа, се обидуваат да направат политичка криза. Според него, Ахмети ги срами борците на УЧК, а ДУИ сака да ги спаси корумпираните челници.

„Од страв кој несомнено ги чека, ДУИ го загуби компасот. Сакаат да предизвикаат политичка криза за да ги спасат корумпираните во своите редови. Сакаат Влада повеќе од 100 дена“, рече Меџити.

Меџити го праша Али Ахмети: „Дали е вистина дека на општинските организации им наредивте бојкот на вториот круг?, ако е ова вистина, кажете зошто не ги бојкотиравте изборите во 2019 година? Зошто работите против интересите на ЕУ и САД?“.

Тој најави одговорност за корупциските скандали на ДУИ, па додаде дека Ахмети ги користи Албанците како штит.

На почеток