ВМРО-ДПМНЕ: Нашата влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите

Од:

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови. Идната влада ќе имплементира модел за намалување на цените и ограничување на маржите на лековите и медицинската опрема. Народот не смее да го преплаќа лекот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ќе се спроведе ревидирање и модернизирање на позитивната листа на лекови со вклучување на најголем дел од основните лекарства кои граѓаните ги користат. Лековите мора да се издаваат согласно потребите на пациентот, со персонализирана и индивидуализирана терапија. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да го крене здравството на сосема ново ниво – се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов

Со една изборна единица: ВМРО-ДПМНЕ би имал 56 мандати, СДСМ 19, ДУИ 17, ВЛЕН 13, Левица 8 и ЗНАМ 7

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО -ДПМНЕ

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен