Поврзете се со нас

Евролига

Партизан ќе ги израдува навивачите, соработката со Обрадовиќ продолжува и следната сезона

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Кошаркарите на Партизан сезонава не успеаја да обезбедат место во плејофот на Евролигата, но клубот успеа да постигне договор за продолжување на соработката со тренерот Жељко Обрадовиќ.

Улогата на Обрадовиќ во формирање на силен евролигашки тим е круцијална, а најтрофејниот европски тренер и следната сезона ќе се обиде да ја исполни главната амбиција на „црно-белите“, а тоа е пласман на фајнл-фор турнирот.

Српските медиуми денеска излегоа со потврда дека Обрадовиќ ги прифатил условите на Партизан и дефинитивно останува во белградскиот состав и наредната сезона.

Партизан за денеска закажа прес-конференција и на истата се очекува да биде потврдена важната вест, која ќе ги израдува фановите.

„Црно-белите“ ја завршија сезоната на 11. место со 16 победи и 18 порази во Евролигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни