21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Жител на Велешта изрешетан донесен во струшката болница

Во полицијата во Струга е пријавено дека во Општата болница во Струга, со прострелна рана е примен Д.Б. (55) од струшкото село Велешта.

Неофицијално лицето е примано во струшката болница со две прострелни рани во градниот кош, а случајот бил пријавен од дежурен лекар. Инцидентот се случил во куќа во Велешта, во која не живеел никој, а била во сопственост на роднина на нападнатиот.

Според информациите припадници на полицијата вршат увид на местото на настанот.

Полицијата исто така презема мерки за разјаснување на околностите под кои се случило пукањето.

Спонзорирано: