Првата дисертациjа за македонскиот jазик била објавена пред 130 години, но знаете ли кој ја објавил и каде?

0
206

Првата дисертациjа за македонскиот jазик пред 130 години ја одбранил рускиот професор Леонард Готхолф Мазинг во еден од наjстарите руски државни универзитети – Дорпатскиот универзитет.
Мазинг во 1890 запишал: „Во денешниве услови кога Македонија не е независен политички субјект, за нас (лингвистите) важат нејзините етноисториски граници за дефиниција на јазикот!“ За време на Илинденското востание, трогнат од колежот и неуспешниот обид за ослободување на Македонија од турскиот јарем, одржал неколку говори на академските вечери посветени на Македонија и македонскиот народ. Од личната кореспонденција и доживотно пријателство со големиот поддржувач на тезата за засебноста на македонскиот јазик и негов ментор Иван Александрович Бодуен де Куртене можеме да заклучиме дека Мазинг во тоа време имал голем број истомисленици и поддржувачи. Бодуен де Куртене му бил професор на Крстета Петков Мисирков, а подоцна и негов колега соработник. Со докторската дисертација, како и со другите свои дела Л. Г. Мазинг поставил пат за развој на македонистиката кон крајот на 19 век, ОБЈАВИ НА СВОЈОТ фб профил Дарко Тодоровски.

извор: ФБ Дарко Тодоровски