Ивановски за М-Нет: Фокусот сега е на ЕП и квалификациите за ЛОИ во Париз

ФОТО: Телевизија М Нет

Нашиот најдобар македонски атлетичар на средни и долги трки Дарио Ивановски, вчера го освои првото место на трката во Штип на 10 километри.

Сосема очекувано беше Ивановски да го освои првото место на трката на која имаше рекорден број на пријавани учесници односно 1.415 од Македонија, Србија, Грција, Хрватска и Чешка.

Ивановски даде изјава за телевизија М Нет, каде вели дека за разлика од претходната година имало двојно повеќе публика, додава дека уживал кога трчал низ штипските улици.

Ивановски за телевизија М Нет ги откри неговите планови за 2024 година, вели дека неговата следна голема цел е Европското првенство во Рим, Италија каде ќе трча полумаратон и доколку се квалификува на Олимписките игри во Париз, Франција.

Ивановски претходно испиша историја во македонската атлетика откако на маратонот во Шпанија оствари неверојатен резултат од 2 часа осум минути и 25 секунди со што постави нов македонски рекорд.

Александар Ванев, М-Нет