Најголем графит во Македонија!

Графитот посветен на кошаркарскиот клуб МЗТ покрај кејот на Вардар во н. Аеродром се протега од рибарската колиба, па речиси до топлификација, поточно до Фонд на пензиско и инвалидско осигурување.

Според наши пресметки должината на графитот е околу 330 метри што го прави најдолг во Македонија. Висината е некаде околу 2.75-3 метри, што значи дека покрива површина од 900-1.000 метри квадратни!

Во светот постојат други долги ѕидови со графити, но не ни е познато дали се дел од еден континуиран графит, или се работи за повеќе поврзани графити. Според површни истражувања, нашиот графит е уникатен, бидејќи се работи за еден мотив, наместо повеќе, како што е најчесто случајот.

Графитот е посветен на МЗТ и на навивачката група “на МЗТ “Family Aerodrom ’97”. Графити од тој тип во населбата Аеродром има стотици и се речиси 90% од сите графити, но овој е навистина посебен.

Текстот од графитот во целост гласи:

Цел живот мој на тебе посветен, чудесен е овој свет, цел е плаво-бел, а кога играш ти трибина лудува. Нека дојде кој сака, е наша порака. Само ти на светов имаш таква моќ, за тебе твојот Аеродром е буден ден и ноќ. И цела моја љубов ја давам за тебе. Можат да ми земат се, само тебе не!

Ова се детали од графитот.

Во нашата нова група “Графит.мк“ графитов прв го објави Viktor Ficorski и таму веќе се споделени голем број различни графити и мурали од Скопје и Македонија, па повелете, приклучете се.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *