„Немам патиска книшка, само крводарителка“ – за приватните специјализанти деградирачка е изјавата на Демири за политичка позадина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не бидат на писмено од Владата дека нивните барања ќе бидат прифатени.

Специјализантите се залаат за покачување на платите од 26.000 на 44.000 денари и решавање на нивниот статус, односно да имаат здравствено о пензиско осигурување.

„Се уште не се исполнети нашите барања, ветувањето на Илир Демири беше дека тој има разбирање за нашите проблеми, но еден месец не беа предложени на седница на Влада“, изјави д-р Христина Илиоска Чешлароска, приватен специјализант по интерна медицина трета година.

Таа рече дека лично нема партиска книшка, туку единствената што ја има е крводарителската, надоврзувајќи се на изјавата на министерот за здравство, Илир Демири кој рече дека штрајкот имал политичка позадина.

Демири вчера изјави дека ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би можел да ги преземе до завршување на изборите за да им ги исполни.

Министерот најави дека по изборите ќе се заложи да има ребаланс на буџетот и примањата на приватните специјализанти да се изедначат со примањата на специјализантите, кои се вработени во јавните здравствени установи.

Текстот „Немам патиска книшка, само крводарителка“ – за приватните специјализанти деградирачка е изјавата на Демири за политичка позадина на штрајкот е превземен од МАКФАКС.