Столтенберг не барал од Москва откажување на изложбата на запленето западно оружје од Украина

Фото: nato.int

Објавата без никакви докази тврди дека Јенс Столтенберг побарал изложбата во Москва да биде откажана, а подеднакво неубедливо е и тврдењето дека тој ја употребил социјалната мрежа Телеграм за да го упати овој повик. На Телеграм има профил “Jens Stoltenberg”, кој делува како да му припаѓа на шефот на НАТО, но нема некоја ознака дека е верифициран и има само 15 следбеници, ама од неговиот апел за откажување на изложбата во Русија нема ни трага. Ги проверивме и неговите профили на Твитер и Фејсбук, обата се верифицирани, но апелот ни таму го нема. Апелот не може да се најде во ниту еден релевантен медиум, било западен, било руски, како што е: ТАСС, Russia Today или РИА, која е поврзана со Спутник. Објавата што се шири на Фејсбук, всушност е превод на македонски од некој текст на англиски, но не е наведен линкот до него. Со пребарување на тој текст се доаѓа до заклучок дека тој потекнува од социјалните мрежи и тоа од некои опскурни профили, како овој тука

На Телеграм има профил “Jens Stoltenberg”, кој делува како да му припаѓа на шефот на НАТО, но нема некоја ознака дека е верифициран и има само 15 следбеници, ама од неговиот апел за откажување на изложбата во Русија нема ни трага. Ги проверивме и неговите профили на Твитер и Фејсбук, обата се верифицирани, но апелот ни таму го нема. Апелот не може да се најде во ниту еден релевантен медиум, било западен, било руски, како што е: ТАСС, Russia Today или РИА, која е поврзана со Спутник. Објавата што се шири на Фејсбук, всушност, е превод на македонски од некој текст на англиски, но не е наведен линкот до него. Со пребарување на тој текст се доаѓа до заклучок дека тој потекнува од социјалните мрежи и тоа од некои опскурни профили, како овој тука

 

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук од 29.4.2024 година вели:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг побара од Русија да ја откаже изложбата на уништената опрема на алијансата. Тој го искористи својот канал Телеграм за да го упати повикот, велејќи дека овие демонстрации се навредливи за НАТО блокот. Сите знаат дека Северноатлантската алијанса не е страна во конфликтот. Демонстрацијата на технологија во Москва создава впечаток не само за учеството на НАТО, туку и за поразот на алијансата во овој конфликт. Русија не треба да ја покажува опремата како веќе да победила, напиша Столтенберг.

Иако е точно дека во Москва е изложена запленета западна воена техника од Украина, не е вистина дека Јенс Столтенберг побарал изложбата да биде откажана, што детално ќе го образложиме, а подеднакво неубедливо е и тврдењето дека генералниот секретар на најмоќната воена алијанса на светот, НАТО, ја употребил социјалната мрежа Телеграм за да го упати тој повик. Важно е да се напомене и дека под повик во случајов мислиме на јавен апел, барање или молба, што не треба да создаде збрка со техничката можност на Телеграм за извршување на аудио/видео повик, а зошто е ова важно ќе видиме подоцна.

Иако не е необично политичарите да ѝ се обраќаат на јавноста преку социјалните мрежи, Телеграм не е толку популарен на Запад, од кајшто е Столтенберг, туку повеќе во Русија, а тој не е многу активен на Телеграм и дури е прашање дали каналот кој го носи неговото име, презиме и фотографија е навистина негов. На Телеграм има профил “Jens Stoltenberg”, кој делува како да му припаѓа на шефот на НАТО, но нема некоја ознака дека е верифициран и има само 15 следбеници, а од неговиот апел за откажување на изложбата во Русија нема ни трага. За секој случај ги проверивме и неговите профили на Твитер и Фејсбук, обата се верифицирани, но апелот ни таму го нема.

Апелот не може да се најде во ниту еден релевантен медиум, било западен, било руски, како што е: ТАСС, Russia Today или РИА, која е поврзана со Спутник. Пребарувањето го вршевме на англиски и руски јазик, водејќи сметка за временскиот период кога апелот наводно бил објавен (крајот на април 2024 г.), но сепак не го најдовме.

Објавата, којашто тука ја рецензираме, а која раскажува за наводниот апел на Столтенберг, е всушност превод на македонски од некој текст на англиски, а истиот е наведен во објавата, но без линк до локацијата од која бил преземен. Со пребарување на тој текст се доаѓа до заклучок дека тој потекнува од социјалните мрежи и тоа од некои опскурни профили како овој тука. Но, најверојатно, тој автор ја презел и превел на англиски таа приказна за Столтенберг од руски извори.

Првиот или еден од првите кој ја објавил таа приказна е не толку значајниот руски медиум Свободная пресса, што било сторено на 27.4.2024 г. Но, тука не се работи за вест, туку за некаква колумна, а не е јасно ни кој е нејзиниот автор, дали новинарот Михаил Зубов или претседателот на Руското литературно друштво, Александар Чистјаков. Ова не е некаков авторитет како руските новински агенции ТАСС или РИА, а дури и кај нив има лажни вести, пропаганда или слично, па што да се каже за поминорните медиуми како овој.

Понатаму, некои луѓе презеле елементи од оваа приказна и лошо ги превеле на англиски, при што дошло до една комична забуна, па преводот вели:

He used his Telegram channel to make the call

Во превод: Тој го употреби својот Телеграм канал за да го направи повикот

Од овој текст на англиски се добива впечаток дека Столтенберг извршил аудио/видео повик за да побара откажување на изложбата, но во рускиот оригинал се мисли на нешто друго, нешто како упатување на апел или јавен повик (рус. призыв). Со оглед дека тука се споменува Телеграм, тој апел или јавен повик требало да биде упатен на начин типичен за таа социјална мрежа – со писмена објава, а не со некакво телефонирање. Но, тој апел е и онака измислен и од него никаде нема трага, а за нештата да бидат уште покомични, некои руски автори го зеле тој лош руско-англиски превод и го превеле назад на руски.

Земајќи ги сите досега наведени аргументи в предвид, објавата ја оценуваме како невистинита.

 



 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција