Пријавени 17 авиопревозници од Европа, поради тоа што лажеле во рекламите

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Европското здружение за заштита на потрошувачите (БЕУЦ) ја извести Европската комисија дека пријавила 17 авиокомпании од Европа, предупредувајќи дека патниците ги манипулираат со маркетиншки пораки околу ублажените последици на летови за околината.

Минатата година здружението до Брисел се пожалило дека 17 авиопревозници во маркетиншките пораки изнесуваат неточни информации за влијанието на летовите за околината, кршејќи ги европските прописи за нефер комерцијална практика.

Почетокот на неделата Комисијата објавила дека со белгиските, холандските, норвешките и шпанските регулатори покренале истраги.

Европското здружение на потрошувачите наведе дека во Брисел ги пријавила компаниите, а пријавите биле поддржани од неколку други земји меѓу кои Австрија, Белгија, Данска, Франција, Италија, Грција, Словенија, Шпанија.