Top Sport

Хаос кај Белгијците! Фертонген со „боцка“ за Де Брујне: Не даваме голови бидејќи сме стари

Атмосферата во белгиската репрезентација по незгодниот 2:0 пораз од Мароко очигледно не е на високо ниво, откако Јан Фертонген саркастично одговори на коментарите на неговиот соиграч, Кевин де Брујне, кој во интервју со „Гардијан“ посочи дека шансата за титула пропадна во 2018 и дека сега се „престари“ за да бидат кандидати за титулата.

„Престари сме. Мислам дека ја имавме нашата шанса во 2018 година. Имаме добар тим, но старееме, загубивме клучни играчи. Имаме добри млади играчи, но тие не се на нивото на кое бевме во 2018. Ние сме аутсајдери“, изјави вчера Де Брујне.

Фертонген не го криеше разочарувањето по поразот од Мароко: „Изгледа напаѓаме лошо и не даваме голови бидејќи сме стари“, изјави Фертонген по мечот, очигледно алудирајќи на изјавата на Де Брујне, но и на Еден Азар, кој изјави дека ги немаат „најбрзите тројца дефанзивци на светот, но тие го знаат тоа“.

Белгија сега нема право на грешка во последното коло против Хрватска.

Де Брујне: Стари сме, немаме шанси да дојдеме до титулата

Scroll to Top