Поврзете се со нас

Италија

Рома и Лацио во трка за дефанзивец на Ливерпул

Објавено

на

foto: twitter.com/LFC

Големите римски ривали Рома и Лацио во текот на оваа 2024 година добија нови тренери во Даниеле Де Роси и Игор Тудор, односно двајца наследија екипи кои веќе беа составени што значи дека допрва ќе очекуваме нивни конкретни потези.

Дефинитивно ќе биде интересно особено ако се земе предвид ако имаме случај како овој, двете екипи да посакуваат ист играч. Се работи за искусниот Жоел Матип од Ливерпул кој останува без договор по крајот на сезонава.

Тој ќе биде слободен агент и тоа сакаат да го искористат „волчицата“ и „бјанкочелистите“. Матип поседува и европски пасош што е уште една предност во пронаоѓање на ангажман, а од тоа полза имаат и клубовите.

Матип има 32 години и досега има настапувано уште само за Шалке.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни