Евакуирана е главната железничка станица во Лондон поради „чад и мирис на гас“

41

Главната железничка станица во Лондон денеска е затворена откако се огласил аларм за пожар, пишува The Sun.

Неколку противпожарни возила моментално се пред железничката станица Кингс Крос во северен Лондон.

Сведоци пријавија „силен мирис на гас и чад“ надвор од овој фреквентен меѓународен железнички центар.

Затворена е и подземната станица.