Дел од играчите на Јунајтед се уверени дека Тен Хаг ќе си замине

И покрај тоа што сега делува дека иднината на Ерик тен Хаг во Манчестер Јунајтед е сигурна, сепак, дел од играчите веруваат дека наскоро тој ќе биде „поранешен“, односно дека ќе биде сменет и некој друг ќе го води тимот.

Според „Manchester Evening News“ дел од играчите ги менуваат одлуките и подготвени се да не решаваат за својата иднина, знаејќи дека тимот наскоро ќе добие нов тренер.

Тен Хаг неколку пати се најде на удар, поради слабите резултати. Во моментов тимот е на седмата позиција, а неговата иднина ќе биде позната по крајот на сезоната, односно ќе се знае дали Манчестер ќе бара нов тренер, или ќе му даде уште една шанса.

Се вчитува...