Фудбалерот на ФК Гостивар, Алпер Потук, на социјалните мрежи објави дека Фудбалската федерација на Македонија ја повлекла двегодишната суспензија која му беше изречена по напуштањето на теренот за време на мечот со Работнички. Капитенот на веќе исклучениот тим од ПМФЛ се жалеше до арбитражната комисија на ФФМ, која ги зеде предвид неговите аргументи и ја повлече индивидуалната суспензија за искусниот турски интернационалец со богато портфолио. ...

Турскиот интернационалец Алпер Потук, кој беше капитен на ФК Гостивар, нема да ја отслужи двегодишната суспензија која му беше изречена од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Потук преку социјалните мрежи објави дека Арбитражната комисија на ФФМ ја уважила неговата жалба и ја поништила казната, која му беше изречена по напуштањето на теренот на мечот против Работнички. „Правдата победи. Благодарен сум што беа разгледани сите околности и ...