ВидеаВидеоМакедонија

Боки 13: На Лила не би ја ни плукнал, мојата плунка е повредна од неа

Боки 13 во поткастот наа Лазаров се осврна и на пријателството со Лила Филиповска за која кажа дека кога би ја сретнал, не би ја ни плукнал, бидејќи неговата плунка била повредна од неа. Тој кажа дека таа носела негови ташни, а се вклучила и во местенките како еден вид агент провокатор местејќи го Сергеј Варошлија во игри кои ги играла со одредени структури.

Боки кажа и дека се случила расправија меѓу него и неговиот татко, кој негативно реагирал на тоа дека им плаќал одмор во Миконос на Лила и Анета Кочишки, за што Јованоски кажа дека времето покажало дека татко му бил во право.

Други поенти на Бојан Јованоски изнесени во поткасотот:

– Вилма Рускоска му праќала СМС пораки во кои го информирала какви ќе бидат пресудите за осудените од „27 април’ уште пред да бидат донесени.

– Рускоска праќала СМС пораки во кои му кажува на Бојан да и купи чевли од Италија, притоа кажувајќи кој број чевли носи.

– Зоран Заев се среќавал со Бојан Јованоски во Владата и од него барал Катица Јанева да ги стопира процесите против Орце Камчев.

– Заев со неговиот брат рекетирал бизнисмени кои плаќале пари да се спасат од компромитација и истраги.

– Сашо Орданоски и Боки 13 тајно се среќавале со Сашо Мојалков.

– Боки 13 намерно го оставил телефонот без пасворд за да може истрагата да го вештачи , но до ден денес телефонот не му е вратен и не е вештачен.

– Во затворот за малку не умрел од пикање на чир.

Ова издание на поткастот ги урна сите рекорди на гледаност кои претходно се поставени во Македонија.