Украина добива тенкови, сега има ново барање до Западот: „Ова е црвената линија“

Од:

За Украина, појавата на западните тенкови беше само почеток. По неколкумесечна дебата меѓу западните сојузници, американските Абрамс и германските леопарди треба да се упатат на бојното поле, додека украинските воени претставници го насочуваат своето внимание кон следниот чекор во нивните напори да ги одбијат руските напаѓачи – испораката на модерни борбени авиони.

Разговорите со десетина западни воени претставници и дипломати потврдуваат дека веќе е во тек внатрешна дебата за испорака на борбени авиони за Украина, поттикната од украинските власти со поддршка од балтичките земји. „Следниот чекор би биле борбени авиони“, изјави за Политико дипломат од северноевропска земја.

Дебатата веројатно ќе се покаже уште поспорна од аргументот за испраќање тенкови. Во Европа, неколку официјални претставници и дипломати рекоа дека нивните влади повеќе не ја сметаат идејата за непожелна, но дека стравот од ескалација сè уште постои.

Вашингтон му рекол на Киев дека испораката на авионот во моментов е невозможна, рече цитираниот дипломат, додавајќи: „Постои црвена линија околу тоа, но минатото лето имавме црвена линија за HIMARS, така што тоа се промени. Тогаш тоа беа тенкови, па и тоа се смени“.

Би можело да ве интересира

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство