Top Sport

Хрватска со блескав пресврт до водство против Канада

Хрватска успеа да направи пресврт до крајот на првото полувреме и да поведе со 2:1 против Канада, откако претходно примија гол по само 68 секунди игра.

Андреј Крамариќ го постигна првиот гол за Хрватска на СП во Катар, кога во 36. минута од мечот со Канада, ја поништи раната предност на ривалите со убав гол за израмнување. Иницијативата беше на страна на „коцкестите“, и фудбалерот на Хајдук, Марко Ливаја го искористи тоа со убав удар од далечина во 42. минута да го комплетира пресвртот и да најави интересно второ полувреме.

Scroll to Top