И јас одам со велосипед на работа (овој петок)

Во петок (10 февруари) е меѓународен ден на зимското возење велосипед на работа.

Сите на „точаци“ и да го одбележиме достојно!

Кои се придобивките од возењето велосипед!?

Според групата „И јас одам со велосипед на работа“, возењето велосипед е значајно затоа што:

„Велосипедот не троши гориво и е еколошки, тој не загадува, ниту вас, ниту другите и така ќе имаме почист воздух за сите…“

Науката дава многу причини зашто возењето велосипед е корисно за вашето тело и вашиот ум, прочитајте повеќе во оваа статија.

И за крај, еве една интересна илустрација за тоа кои се некои од придобивките од возењето велосипед.

Па, приклучете се, добро е за вас и за сите нас!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *