Ужас во Украина: Убиен двократен шампион на Европа

од Nikola Popovski

Двократниот европски шампион во кревање тегови, Украинецот Александар Пелешенко загинал во војната меѓу Русија и Украина.

Пелешенко починал на 30-годишна возраст.

Во кревање тегови, Пелешенко беше шампион на Европа во 2016 и 2017 година, а ја доби и титулата почесен спортист на Украина.

Пелешенко се приклучил на армијата на својата земја во 2022 година. Колку за потсетување, тој бил суспендиран во 2018 година поради допинг.

Се уште не се познати деталите за трагичниот настан.

Слични содржини