Западот не спровел државен удар во Украина во 2014 година, војната ја започна Русија

Enrique Pixabay

Она што се случува во Украина сега, нема никаква врска со некаков државен удар од Западот спроведен во 2014 година, туку е поради фактот што Русија во февруари 2022 година ја нападна Украина со цел да приграби други делови од нејзината територија. Бранот демонстрации, граѓанска непослушност, бунтови и вооружени судири познати како Евромајдан  букнаа ноќта на 21 ноември 2013 година, кога украинските граѓани започнаа со протести во Киев. Причина за протестите беше одлуката на украинската влада ден претходно да ги суспендира подготовките за потпишување на Договорот за асоцијација и Договорот за слободна трговија со Европската Унија

Она што се случува во Украина сега, нема никаква врска со некаков државен удар од Западот спроведен во 2014 година, туку е поради фактот што Русија во февруари 2022 година ја нападна Украина со цел да приграби други делови од нејзината територија. Бранот демонстрации, граѓанска непослушност, бунтови и вооружени судири познати како Евромајдан  букнаа ноќта на 21 ноември 2013 година, кога украинските граѓани започнаа со протести во Киев. Причина за протестите беше одлуката на украинската влада ден претходно да ги суспендира подготовките за потпишување на Договорот за асоцијација и Договорот за слободна трговија со Европската Унија

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека Западот во 2014 година во Украина спровел државен удар и ја втурнал Украина во граѓанска војна.

На 2 мај 2014 година, екстремни украински националисти убија 48 луѓе во Одеса и ранија околу 200. Ако ги барате причините за она што се случува во Украина сега, можете да ги најдете во оние клучни години кога Западот изврши насилен државен удар и ја турна Украина во граѓанска војна, стои во објавата која ја анализираме.

Ваквото тврдење е погрешно. Западот нема спроведено никаков државен удар во Украина во 2014 година и уште помалку Западот ја турнал Украина во граѓанска војна.

Бранот демонстрации, граѓанска непослушност, бунтови и вооружени судири познати како Евромајдан  букнаа ноќта на 21 ноември 2013 година, кога украинските граѓани започнаа со протести во Киев. Причина за протестите беше одлуката на украинската влада ден претходно да ги суспендира подготовките за потпишување на Договорот за асоцијација и Договорот за слободна трговија со Европската Унија. Протестите продолжија и покрај засиленото полициско присуство, а својата поддршка ја дадоа и студентите. На 30 ноември владините сили вршеа насилство врз демонстрантите, што предизвика протестите да добијат на интензитет и на истите да се придружат над 1.5 милиони демонстранти.

На 30 март 2012 година ЕУ и Украина го потпишаа Договорот за асоцијација. Но, договорот не беше ратификуван, бидејќи Украина доби насоки да работи на влошената демократија и владеење на правото во државата.

На 21 ноември 2013 година украинската влада со декрет ги суспендираше подготовките за потпишување на Договорот за асоцијација. Како официјална причина за ваквиот потег беше наведено дека претходните месеци Украина доживела пад на индустриското производство. Владата на Украина тврдеше дека ќе продолжи со подготвувањето на договорот кога падот на индустриската производство ќе бидат компензирани од европскиот пазар.

Тогашниот претседател на Украина, Виктор Јанукович престојуваше на ЕУ Самитот кој се одржуваше на 28-29 ноември 2013 година во Вилнус, Литванија, каде требаше да биде потпишан Договорот за асоцијација и трговска размена, но договорот не беше потпишан. „Фајненшл Тајмс“ напиша дека протестите во 2013 г. беа „спонтани, предизвикани од социјалните мрежи и ја фатија украинската опозиција неподготвена”, за разлика од нивните противници.

Голем број светски медиуми и меѓународни институции и оргaнизации ги претставуваат настаните од Евромајдан како најголемиот проевропски бунт во историјата на Украина.

Според историчарот од Лавов, Јарослав Хрицакова претставуваше:

Револуција на генерацијата која може да се нарече модернистичка за украинската независност, револуција на млади луѓе кои се многу образовани, луѓе кои се активни на социјалните мрежи, кои се мобилни и 90 проценти имаат факултетска диплома, но немаат иднина.

Западот не спроведе државен удар во 2014 година, ниту пак, ги организирал протестите. Демонстрациите кои почнаа во Киев во ноември 2013 година беа резултат на фрустрацијата на Украинците кон тогашниот претседател Јанукович, односно неговата одлука во последен момент да ја смени насоката и после седум години преговарања да не го потпише Договорот за асоцијација меѓу Украина и ЕУ. Како резултат на рускиот притисок тоа го запре напредокот  на приближувањето на Украина кон ЕУ.

Јанукович заврши во бегство по што преодна влада ги презема работите во свои раце. Тогаш војници без државни обележја го окупираа Крим и поставија знамиња на Русија. По референдумот кој не е признаен од меѓународната заедница, Руската Федерација го анектираше Крим.

Она што се случува во Украина сега, нема никаква врска со некаков државен удар од Западот, туку е поради фактот што Русија во февруари 2022 година ја нападна Украина со цел да приграби други делови од нејзината територија.

Воената инвазија која што ја спроведе Русија врз демократска, независна и суверена Украина, претставува отворена агресија со територијални претензија на Русија, а војната ја започна токму Русија неиспровоцирано и кршејќи меѓународни договори.

На 24 февруари 2022 година Русија започна ракетни напади на локации низ цела Украина, вклучително и главниот град Киев. Руски копнени сили влегоа на украинска територија, по што претседателот Зеленски одговори со воведување воена состојба, прекин на дипломатските односи со Русија и општа мобилизација. Оваа инвазија е најголем воен напад во Европа после Втората светска војна и е предмет на широка меѓународна осуда, како и санкции против Русија.

Украина не ја нападна Русија, туку Русија ја нападна Украина. Следствено Украина има право да се брани, а сојузниците доставуваат воена и парична помош за Украина, како и хуманитарна помош за цивилите и раселените лица. Но, оваа помош не ги прави САД и другите западни земји, пред сè, членки на ЕУ, страна во војната, а и НАТО во повеќе наврати има истакнувано дека не е страна во воениот конфликт.

Освен ова, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, во повеќе наврати има истакнато дека никакви чекори нема да се преземаат зад грбот на Украина и, уште повеќе, дека „ништо нема да се прави во однос на Украина, без Украина“. Ова значи дека одлуките во однос на војната нема да ги носи ниту САД, ниту западните сојузници, туку Украина, кога самата ќе одлучи, ако одлучи.

Поради сите горенаведени факти, објавата која ја анализираме, ја оценуваме како невистинита.

 

 



 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција