Тони Михајловски доби награда за животно дело: Чек од 500 евра и плакета со ликот на Прличко за актерските достигнувања!

by Fokus

Актерот Тони Михајловски е добитник на овогодинешната награда за животно дело, која се доделува во чест на доајенот на македонското актерство Петре Прличко.

Наградата му ја врачи велешкиот градоначалник Марко Колев, на третото издание на театарскиот фестивал на комедија „5ре“ во салата на велешкиот театар.

Станува збор за чек од 500 евра кој го доделува Општина Велес, како и плакета со ликот на Прличко која ја доделува театарот „Јордан Хаџи Констнинов Џинот“
Михајловски е присутен на сцената повеќе од три децении и зад себе има бројни театарски, телевизиски и филмски улоги, како во земјава, така и во регионот.

Актерската награда за животно дело ,,Петре Прличко” во минатото ја имаат добиено повеќе актери, помеѓу кои Диме Илиев, Игор Џамбазов, Благоја Чоревски, Милица Стојанова, Драган Спасов, Мето Јовановски и други.

Првата фестивалска вечер започна со премиера на велешкиот тетатар Ј.Х.К.Џинот и изведба на претставата „Вечера за глупаци“, а фестивалот „5ре“ ќе трае до 31-ви март.

Љубителите на театарската комедија ќе имаат можност да изгледаат уште пет претстави и една детска. Следна на репертоарот е претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар, што ќе се одржи на 22-ри март, информираат од фестивалот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости