Победа доживеа дебакл среде Прилеп – прими ШЕСТ гола од Шкупи

Победа доживеа дебакл на домашен терен, откако шампионот Шкупи немаше милост и со превисоки 0:6 декласираше прилепчани за продолжување на победничката серија, за нови три бода на своето конто и секако за продолжување на притисокот кон лидерот Струга Трим Љум.

Чаирчани во Прилеп допатуваа како големи фаворити за трите бодови, а тоа беше оправдано уште во првиот сегмент на првото полувреме. По седум минути игра на „Гоце Делчев“, Хамиди ја стресе мрежата на Тофилоски со „гулабите“ први дојдоа до водство од 0:1. По само седум минути игра, односно во 14. минута Трапановски ги „замрзна“ домашните навивачи, откако по вторпат се затресе мрежата на Тофилоски за водство од 0:2.

Пред крајот на првото полувреме Тофилоски капитулираше по третпат, откако Реналдо постигна гол за 0:3 на полувреме. Шкупи уште во првиот дел го обезбеди триумфот, и во вториот дел влезе растеретено, бидејќи повеќе од сигурно бодовите заминуваа во Чаир. Во 69. минута Хамиди со втор гол ја зголеми предноста на убедливи 0:4, со што Победа продолжуваше да се распаѓа.

Доминацијата и притисокот на Шкупи продолжија, веќе во 85. минута Тофилоски по петти пат капитулираше на мрежата на Победа, откако Да Силва погоди за убедливи 0:5, а четири минути подоцна Алварез ја стресе мрежата со што ги постави конечните 0:6.

Тиквеш го преживеа Тетово и дома се врати со голем бод, откако одигра 0:0 против Шкендија.

Работнички со 2:0 ја доби скопската пресметка во дуелот со Македонија Ѓорче Петров. На теренот во Маџари Рушевиќ во 25. минута го отвори резултатот, а Мишевски три минути подоцна си постигна автогол за конечните 2:0.

Академија Пандев го загуби дербито од долниот дел на табелата, откако Скопје со пресврт (2:1) славеше над струмичани и со тоа ги значително ги зголемува шансите за опстанок во ПМФЛ.

Трите бодови за „пиратите“ дојдоа во вистински момент, го искористија високиот пораз на Победа, а триумфираа токму над „пандевци“, со што сега иако се на последното место на табелата, сегапк имаат само два бода помалку од Победа, која е претпоследна и се наоѓа во бараж зоната и само три бода помалку од Академија Пандев која е деветта на табелата.

Во првите 45 минути мрежите мируваа на „Железарница“, а во вториот дел Димитар Митровски постигна гол за водство на „пандевци“ од 0:1 во 61. минута, само десеттина минути подоцна Хајдари стрелаше за 1:1 со што го врати мечот во егал.

Момците на Георгиевски направија комплетен пресврт во 84. минута кога Димов стрелаше за конечни 2:1 и со тоа ја обезбедија само втората сезонска радост.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПМФЛ: