Ќе се задолжи ли Османи за да ја направи ифтарската вечера со претседателските кандидати?

Ифтарските вечери во текот на Рамазанскиот пост, а на кои се канат и роднините, комшиите, пријателите… се посебни свечености кои се прекрасна исламска традиција. Во тој дух и претседателскиот кандидат, Бујар Османи, вчера упати покана до четворица други претседателски кандидати да дојдат кај него дома на ифтарска вечера.

Убаво. Можат за време на вечерата и важни работи околу кампањата да поразговараат.

Ама има тука една мала нејсанотија. Зошто ги покани Стево Пендаровски, Гордана Силјановска, Арбен Таравари и Максим Димитриевски, а ги изостави Билјана Ванковска и Стевче Јакимовски?

Нејаснотија е и дали Османи ќе мора да се задолжи поради организирањето на поголемата вечера на која може и уште по некој од ДУИ ќе биде поканет? Тоа би било во семејството на министерот посебен предизвик врзан со домашниот буџет. Османи неодамна се пожали во јавноста дека доколку макар и еден месец не добие своја министерска плата треба да се задолжи за да го преживее месецот.

-Пријателите ми се смеат кога им велам дека ако еден месец да не добијам плата, морам да се задолжам. И сите ми велат: „Нема шанси, толку години функционер…“ Еве кажувам најискрен дека еден месец да не добијам плата, јас треба да се задолжам за да преживеам, рече неодамна Османи.

Значи, тој има мал просторот за дополнителни издатоци. Ќе има ли доволно пари од плата министерот Османи за да ги пречека поканетите противкандидати или ќе треба да се зајмува кај роднините и пријателите? Може пак сето тоа ќе го направи поскромно?

А може и затоа не ги поканил Јакимовски и Ванковска? Но, тие не изгледаат како лица што многу јадат и пијат?

Претходна вестСи точела гориво 510 пати без да плати
Следна вестТешко повредена 24-годишна скопјанка, ја удрил автомобил