Македонија
Мицкоски: Одговорност за криминалот и корупцијата ќе има кога ДУИ ќе оди во опозиција
„Никој не треба да се сомнева во нашата одлучност и решеност да направиме промени кои ќе ја сменат сликата на политиката во Македонија. Предолго живееме во мочуриштето на лаги, на измами и на време кога просечните владеат, неспособните се на позиции, а паметните тргнати на страна. Ние го покренуваме бранот на сите оние кои предолго беа игнорирани, кои премалку беа вклучени во процесите. Заеднички ја создаваме надежта која мора да ја победи апатијата. Иднината која мораме сами да ја создадеме но и одговорноста која мора да ја примениме“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа од митингот во Куманово и додаде:
После првиот круг од изборите јасно е дека оваа влада паѓа. И нивните сценарија, нивните планови и завери против Македонија не се за тоа како да ја задржат власта, туку пред се поради стравот дека ќе се соочат со одговорност падот на владата. Дека ќе посегнеме по ним најмилото нешто, а тоа се парите. Парите кои ги крадеа од народот, парите од тендерите, парите од договорите во 4 очи. Е тие пари ќе мора да ги вратат назад на народот а тие да одговораат.
Мицкоски посочи дека ќе има одговорност за криминалот и корупцијата.
„Ќе одговораат и затоа што Македонија ја донесоа на работ на сиромаштија. Тоа што 600 илјади наши сограѓани живеат со само 160 денари на ден. Тоа што имаме најголема инфлација во Европа, рекордери по криминал и индекс на мизерија. Но и ќе одговараат што ја одземаа државата и приграбија за себе. 100 души од ДУИ управуваат со се во земјава. Тие мислат дека се господари на животот и смрта, дека располагаат со државата додека безмилосно ја крадат. СДСМ тоа им го овзоможи за да може да владее. А од друга страна Али си создаде артанониден систем. Тоа е системот кој длабоко ДУИ ја однесе во криминал и корупција. Тие не дејствуваат како партија, туку како мафијашка структура додека и нивниот народ гладува“, посочи Мицкоски и додаде:
Додека Артан се вози во скапи автомобили за кои лаже дека се на компанијата која случајно добила државни тендери, тука во Кумановско, погледнете во Липковско како живеат албанците. Подеднакво сиромашно како и сите други. И кога Али ќе каже УЧК ја спасило Македонија, тоа е само израз на лицемиерието преку кој тој преку 2001та преку злоупотребувањето на судбините и маките на неговиот народ и играјќи си со иднината на државата стигна до милионски имот и дворци во Зајас. После 20 години тој не унапреди никакви права, но неговото чедо Артан стана синоним за сите фаличности и недостатоци на системот, за сите криминали и копрупции.
Мицкоски истакна дека Али Ахмети ќе ја заврши кариерата како криминалец.
„И Ахмети за себе може да смета, како што самиот изјавува дека е востаник, може да кажува дека е и научник за НАСА, но јас а и сите вие тука знаете дека ќе ја завши кариерата како обичен криминалец. За ВМРО-ДПМНЕ се многу јасни позициите и определбите. Не сакам да разговарам со емисарите кои секојдневно ги праќа за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ за мене е завршено поглавје и ќе оди во опозиција“, истакна Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја
Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, без струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците на дел од село Долно Лисиче, реонот околу чаталот, ул.10 во општина Аеродром, од 10:30 до 14:30 часот дел од улица 16, на патот кон Визбеговово општина Карпош, а од 13:00 до 14:30 часот објектите на градинката Росица, на ул.„Мечкин Камен“, бр.45А. во општина Ѓорче Петров.
Македонија
Скопските и тетовските пожарникари гасеа три огнови на отворено, соопшти ЦУК
Во изминатото деноноќие Центарот за управување со кризи информира дека биле евидентирани три пожари на отворено.
Регионалниот ЦУК Скопје соопштил дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две помали интервенции поради запалено ѓубре и тоа на ул. „Ферид Заири“ во Општина Чаир и кај Езерото Треска во Општина Сарај.
Регионалниот ЦУК Тетово известил дека ТППЕ Тетово имала една помала интервенција поради запалена ниска вегетација кај село Чифлик во Општина Желино.
Центарот за управување со кризи соопшти дека изминатите 24 часа имало вкупно 1.491 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 62,84 отсто, а 37,16 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон полиција биле упатени 63,18 отсто, кон итната медицинска помош 29,09 проценти, кон пожарникарите 2,73 отсто, a кон АМСМ 1,36 отсто од повиците кон бројот 112.
Македонија
Силните дождови поплавија подруми и гаражи во Охрид
Локални дождови вчера и во текот на ноќта имаше на повеќе места во државата. Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Охрид, известува дека се добиени пријави на граѓани за поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“, во Охрид. Од страна на Општина Охрид е контактирано со ЈП „Нискоградба“ и ЈП „Колекторски систем“ дека колекторскиот систем не можел да ја прими во целост количината на вода која поради обилните врнежи од дожд, бидејќи во тој период на пороен дожд количината вода била голема. За кратко време состојбата е санирана.
Од ЦУК потсетуваат за голема внимателност при појава на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења. Препораките се да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Потсетување има и за внимателно возење, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на помали одрони при вакви променливи метео услови. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.