Македонија

Две лица загинаа во тешка несреќа на патот Штип-Кочани: има и повредени, однесени во болница

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа, што се случи денеска во 14.25 часот на експресниот пат Штип-Кочани во близина на индустрискиот дел на Штип. Жртвите се на возраст од 40 и 64 години, од Кочани од Скопје.

„На 20.04.2024 на експресниот пат Штип-Кочани во близина на индустрискиот дел Штип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо” со кочански регистарски ознаки управувано од А.Н.(40) од Кочани и патничко моторно возило „шкода” со скопски регистарски ознаки управувано од Б.Д.(66) од Скопје. Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот на пежото и сопатничката Л.Д.(64) во шкодата. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Штип“, велат од МВР.

Во соопштението се посочува дека возачот на шкодата се здобил со повреди констатирани во Клиничката болница Штип.

Патот сега е прооден.

На почеток