МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Од:

Уапсен е неготинец кој нападнал малолетник во сендвичарница во Неготино. Случајот го пријавил таткото на малолетникот, информира денеска Биљана Ѓаковска, портпаролка на СВР Велес.

-Утринава полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода С.Д.(39) од овој град, постапувајќи по пријава на неготинецот И.С.(44), според која, во сендвичарница во градот, тој физички го нападнал неговиот малолетен син. С.Д. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појасни Ѓаковска.

Таа извести и дека во кавадаречко било пријавено исчезнување на 76 – годишно лице, по кое се уште се трага.

Вчера во 10.30 часот, во ОВР Кавадарци, К.С.(74) од Кавадарци пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот сопруг С.С.(76), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Дознаваме дека лицето го бараат полицајци, блиски роднини и други луѓе, пожарникари, планинари и велосипедисти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Одбележан Денот на македонската полиција

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во ресторан во Кавадарци

Горан Наумовски

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он