Филмски грабеж на обложувалница: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа

by Fokus

Вработена во обложувалница во Сплит и корисник на нивните услуги се осомничени дека на 30 април ја репрограмирале машината за игри на среќа, при што заработиле 44.000 евра.

Двајцата се приведени.

Двојката е осомничена за компјутерска измама и ќе биде предадена на надзорникот на притворот, соопшти сплитската полиција, која спроведе кривична истрага откако оштетената компанија поднесе кривична пријава.

Во таа фирма утврдиле дека со промената на коефициентите на исплатена добивка им е нанесена материјална штета од речиси 44 илјади евра.

Поврзани новости