7.8 C
Скопје
03:14 - 20 април, 2024

Кетрин Зита-Џонс сака да го глуми Џејмс Бонд – сонував да бидам шпион

Актерката Кетрин Зита-Џонс смета дека е родена да ја игра улогата на Џејмс Бонд, агентот на сите времиња.

Како што пишува Дејли мејл, ѕвездата од Чикаго, добитничка на Оскар, изјавила за Телеграф дека кога би дошла таква понуда во вистинскиот тајминг, таа можела да ја одигра улогата.

„Многу години бев материјал за Бонд. Всушност, кога бев дете сонував да бидам жена шпион – ако не успеав како актерка, изјави Кетрин.

Можеби и ќе ѝ се оствари овој сон на убавата актерка. Сетете се само кога Стивен Спилберг, кој ја забележа изведбата на Зита-Џонс во мини серијата „Титаник“(1996), ја препорача на Мартин Кембел, режисерот на „Маската на Зоро“ (1998).

Таа jа доби главната улога во филмот, заедно со Ентони Хопкинс и Антонио Бандерас. Кетрин научи да танцува, да јава, да мечува и посетуваше часови за дијалект за да ја одигра улогата на Елена. За нејзината глума, списанието „Варајати“ напиша:

„Зита-Џонс како центар на внимание е магична и слатка, и со импресивна грациозност се наслонува кон физичките потреби на својата улога.“

Слични објави

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо
Се вчитува....