Фудбал

Анчелоти: Арда Гулер останува во Реал

Анчелоти: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓулер.

Арда минатото лето беше доведен во Реал како голем талент, но поради големата конкуренција не добива голема минутажа во „кралскиот“ клуб.

Поради тоа медиумите шпекулираат дека на лето ќе биде испратен на позајмица бидејќи неколку клубови се зантересирани за него.

„Арда ќе остане во Реал и следната сезона. Тој е важен играч за иднината на нашиот тим. Нема никакви дилеми дека ќе остане. Момчето има квалитет, талент и работи напорно за да успее“, изјави Анчелоти.

To top