Каталонија буквално гори: Навивачите на Барса во вакво светло не сме ги виделе со години (ВИДЕО)

Барселона и ПСЖ вечерва го играат реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а каков спектакл подготвуваат вечерва навивачите на каталонскиот клуб најдобро покажуваат случувањата на улиците во овој град.

Иако каталонскиот клуб има гол предност пред вечерашната средба, јасно е дека тоа не му гарантира поминување во полуфиналето, а ПСЖ сигурно ќе го даде својот максимум за вечерва да оствари пресврт на „Монжуик“.

Атмосферата на улиците на Барселона е веќе вжештена и одамна нема ваков спектакл кога се во прашање навивачите на каталонскиот клуб.

На социјалните мрежи се појави и банкнота од 100 долари со ликот на Усман Дембеле кој во лоши односи ја напушти Барселона и премина во Пари Сен Жермен.

Се вчитува...