Една од најубавите спортистки во светот, Русинката Варвара Суботина, на 23 години реши да стави крај на кариерата. Успешната и трофејна натпреварувачка во синхронизирано пливање, ги пропушти Олимписките игри во Токио поради проблеми со ушното тапанче.

Минатата година го оперираше стапалото, а од спортот очекуваше да се прости на големата сцена, на Олимписките игри во Париз, да се ​​збогува со олимпиското злато, единственото што недостасува во нејзината богата колекција. Но, политиката си го направи своето.

  • Тоа би било тоа… Мојата спортска кариера заврши, само ќе им се заблагодарам на сите што беа со мене! Беше забавно за време на ова патување, напиша Суботина на Инстаграм.

Четирикратната светска и трикратна европска шампионка во синхронизирано пливање сама ја донела одлуката, откри Татјана Данченко, нејзиниот долгогодишен тренер.

Неофицијално, причина за ваквата одлука била суспензијата на руските спортисти од светските организации, иако Данченкова јавно изнесе друг мотив.

  • Исклучување од меѓународни натпревари? Мислам дека тоа не беше главната причина за заминувањето. Но, имаше голема капка која ја прелеа чашата. Мислам дека не сум изненадена од нејзината одлука, изјави Данченкова за агенцијата „ТАСС“.

Варвара Суботина беше активна и надвор од базенот, бидејќи имала склучено договор за снимање на неколку реклами, а воедно станала и заштитно лице на кинеска козметичка компанија. Таа е многу активна на социјалните мрежи. Има неколку профили, а ја следат огромен број луѓе, над 50.000 само на Инстаграм.

Инаку, таа е среќно вљубена во хокеарот на СКА од Санкт Петербург, Александар Никишин.

Суботина отсекогаш гордо истакнувала дека е Русинка и дека е со својата земја во секое време, особено во овој момент кога спортистите се исклучени од големите светски натпреварувања поради санкции. Никогаш не размислувала за промена на државјанството, иако имала понуда.

  • Нема да го сменам мојот став. Се сметам за патриот на Русија и не се двоумам да зборувам за тоа. Цел живот ги бранам боите на мојата земја и во таков тежок момент не сметам дека е можно да се префрлам во друга селекција, објасни русокосата убавица.