ТЕРА

REKLAMA???

УКЛО ГО ОДБЕЛЕЖУВА 45-ОТ РОДЕНДЕН

Декани, членови на Сенатот, професори, пријатели на УКЛО и членови на УКЛО мрежата, студенти и широка публика денеска присиствуваше на увертирата на одбележување на 45 годишнината од постоењето на Универзитетот св. Климент Охридски со седиште во Битола.

„Денеска нема да има формален ректорски говор, тоа ќе го оставиме за крајот на оваа година. Денеска јас само ќе го означам почетокот на јубилејната година, бидејќи имаме толку многу направено за овој регион и за оваа држава за да можиме тоа да го презентираме во еден ден на еден настан.“ – рече проф.д-р Игор Неделковски, ректор на УКЛО.

Рекоа дека денешната свеченост е посветена на студентите, но од се што како целина беше понудена денеска, Универзитетот не само направи осврт кон минатото, туку одбележа и нов почеток. Присутните имаа можност да погледнат фотографии од прилепскиот архив за почетоците на тутунскиот институт во Прилеп кој бележи 100 години постоење и е најстарата единица на УКЛО,  изложба на фотографии и документи кои сведочат за наставните програми, почетоците и развојот на 12 те редовни и 5 придружни универзитетски единици и, тоа што беше претставено како најсветол монет – новите сознанија за историјата на студенските движења, организирани во здружение на ова тло.

„Основањето на студентското здружение битолско се случи на 19 август 1934 година. Но тоа не значи дека пред тоа немало и студенти во Битола. Моите истражувања откриваат дека наши млади сограѓани уште во 19 век студирале на разни европски универзитети. Основањето на студентското здружение го покренале 200 студенти , битолски и студенти кои доаѓале од околните градови. Се договорија да формираат свое здружение, за да ги застапува нивните права и потреби. Најмногу да им помагаат на сиромашните студенти, да имаат и библиотека, што била една од главните причини бидејќи немало библиотека а имало потреба од учебници.“ – вели Александар Стерјовски, универзитетски професор во пензија.

Ова не е единственото откритие до кое стигнуваат поранешните и сегашни професори на Универзитетот, што несомнено ја потврдува мислата искажана од кустосот во Музејот за Тутун во Прилеп – дека образованието и судбината одат заедно. Кустосот Александар Цветковски зборуваше за збирката фотографии во изложбата за оваа прилика што ја насловиле „Земјата и тутунот- студентски кредит“ .

„Изложбата има задача да потенцира еден скоро заборавен феномен на тутунот, а тоа е можноста да ги планирате парите затгоа што тие се земаат топтан, готови , не денар по денар. Наеднаш се акумулација и тој вишок на пари им овозможува инвестиција. Во нашиот случај инвестицијата е школувањето се разбира. Значи можеме ние да зборуваме за тутунот и за големото значење на тутунската индустрија и тутунската наука која еве 100 години се случлува тука во Пелагонија. “ вели Александар Цветковски од Музејот за тутун во Прилеп.

Универзитетот денеска посочи на за нив најважниот дел – студентите. Нивните избрани претставнци , претседатело на универзитетското собрание и студенскиот правобранител на присутните им ја претставија академската средина во која се образуваат и развиваат , во идни креатори на развојот на заедницата, македонското општество. Студенти го редизајнираа и студенткиот весник Универзитетски глас, кој сега станува универзитетски магазин,а го има својот прв број.  Бројните историски важни настани на Универзитетот ќе бидат претсавени во неколку наврати оваа година, на вакви и слични настани, меѓу нив и ректорската конференција што треба да се одржи во септември, на која ќе присуствуваат студенти и професори од сите универзитети членки на Алијансата на европски универзитети КОЛОРС во која универзитетот со седиште во Битола е првиот член од Македонија.