Почина велосипедист откако во него удрил камион

Вчера во 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје, товарно возило „мерцедес атего“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(41) од Скопје, удрило во велосипед управуван од А.Т.(68) од Скопје.

На местото на несреќата од здобиените повреди починал А.Т., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Возачот на товарното возило бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Back to top button
Close