Станиќ од Стопанската комора на Србија: Намалувањето на цените е дополнителен трошок за стопанството, но е прифатливо предвид општествената одговорност

од Vladimir Zorba

Во ситуација кога аргументите за и против намалувањето на цените имаат подеднаква гласност во речиси сите земји во регионот каде што оваа мерка стапи на сила, заедничкото образложение е дека чекорот не е идеален, но е неопходен.

Толкувајќи ги актуелните инфлаторни движења и ценовни состојби во Србија,економскиот аналитичар и помошник на директорот за стратешки анализи на Стопанската комора на Србија, Бојан Станиќ  потврдува дека е тешко да се најде оптимално решение во оваа ситуација.

„Намалувањето на цените на основните животни производи е дополнителен трошок за стопанството, но тоа е прифатливо од проста причина затоа што мора да се земе предвид општествената одговорност. Со еден збор овие мерки се разумни но секако нема да  го решат проблемот туку едноставно ќе го ублажат“, изјави Станиќ во интервју за „Локално“.

Во меѓувреме, намалената вредност на парите влијае врз падот на прометот, па така сега тој кај нашиот северен сосед е намален за 5-6% , што според Станиќ се должи на фактот дека луѓето се се порационални дури и при купувањето на основните производи. Како многу веројатна ја посочува проекцијата според која во следните 2-3 години ќе има понатамошен пад на куповната моќ, што пак се должи на неколку фактори меѓу кои основни се ефектите од зголемените каматни стапки во контекст на намалувањето на инвестициите.

Во услови на се поинтензивни обиди да се скроти инфлацијата, владите на земјите во регионот донесоа низа чекори, но основен и заеднички е намалувањето или замрзнувањето на цените . Самата мерка отвора многу дилеми, па оттаму и прашањето дали е ова оптималното решение?

-Кога имате ситуација која е последица на сплет околности, тогаш е тешко да се најде оптималното решение.Сепак, треба да се продолжи со потрагата по избалансирано решение со кое товарот од преземање на делот од трошокот на инфлацијата,(кој секако најмногу падна врз населението), да нема последици само поедна страна- во овој случај на стопанството, туку во сетоа ова мора да има учество и самата држава. Кога зборуваме за овие мерки многу е важно да се истакне и тоа дека треба да се  повикаме на искуството од ЕУ, а тоа покажува дека ретко која држава освен Унгарија, се одлучи на такво намалување на маржите во малопродажните места.Имаше кампањи  кои ја пренесуваа пораката дека треба да се намалат профитите за да “попушти’’ товарот врз населението, но од друга страна имаше и случаи кога се одеше на намалување на данокот на тие производи.Така на пример Полска, Чешка и Шпанија значајно ја намалија стапката на ДДВ  на основните животни продукти, па таа стапка дојде до 0.Од трета страна, простор да се направат заштедите на населението има и во областа на енергетиката, домувањето, итн. Кај нас, Народната банка на Србија  ги ограничи каматните стапки на  станбените кредити.

Но, факт е дека ова што сега се случува е еден долготраен инфлаторен притисок кој значајно ја наруши куповната моќ на населението, особено на ранливите категории кои имаат многу скромни примања, односно на пензионерите, самохраните родители, семејствата со повеќе деца.

Кога говориме за намалување на цените на  основните животни производи  важно е да се истакне е дека тоа е дополнителен трошок за стопанството, но тоа е прифатливо од проста причина затоа што мора да се земе предвид општествената одговорност,односно со еден збор овие мерки се разумни, но секако нема да  го решат проблемот туку само едноставно ќе го ублажат.

Трговците се категорично против оваа мерка, со образложение дека на овој начин ќе се соочиме со уште полоша ситуација и последици кои дополнително ќе имаат негативно влијание врз севкупната економија.Како во оваа ситуација да се најде баланс?

-Тоа е клучното прашање.Ние сме на тој пат на постигнување на таков баланс, а ова се однесува за ситуацијата во Србија. Имавме изјави од страна на Народната банка на Србија според кои виновници за ваквата висока инфлација се исклучиво трговците.Тоа секако не можевме да го прифатиме бидејки тие се само еден дел во ланецот на формирање на цените,почнувајќи од фармите, нивите, преработката, дистрибуцијата, па се до финалниот производ кој се продава на рафтовите во продавниците. Но имавме и ситуација кога трговците велеа дека ги чувствуваат како атак обвинувањата според кои  оставруваат големи профити бидејќи реалноста не е таква , како и тоа дека сега немаат проблем само со потрошувачите туку и со своите вработени. Овие луѓе од друга страна  имаат плати кои се под просекот, а во овој случај говорам  за работниците  кои работат во  магацините, продажните каси. Тие тогаш поставија отворено прашање за какви плати работат ако има толкави профити во малопродажните објекти. Секако дека ова беше една избрзана изјава за медиумите која потоа се ублажи. Владата рече дека не е многу паметно мешањето во трговските маржи, па потоа тоа се спушти на друг дел од системот, на преработувачката, на примарното производствокаде имаше намалена побарувачка, па трговците се одлучуваа повеќе за увоз на производи по цени кои би биле поприфатливи од домашните.

Дали постои  опасност  досегашните мерки да ги забават економиите, и какотреба да изгледа крајната слика, особено ако во овој контекст ги додадеме и последиците од енергетската криза и војната во Украина?

-Кога зборуваме за забавување на економијата битно е да се споменат две работи: Првата е инфлацијата која влијаеше Централните банки да ги зголемуваат референтните каматни стапки со цел да ја намалат таа инфлација. Од друга страна, растот на каматите влијае на намалување на инвестициите, на нивна  дестимулација, а со тоа се забавува економската активност. Втората причина е фактот дека заради високата инфлација се намали куповната моќ на населението, а тое е значајно за внатрешната побарувачкаособено имајќи предвид дека две третини од нашиот БДП е потрошувачка на населението. Од трета страна е состојбата во Европа.Германија најверојатно годината ќе ја заврши со рецесија, има благ позитивен раст на ниво на цела ЕУ, а со самото тоа многу е мал просторот за раст на побарувачката за стоката што би се увезувала на пример од Србија што дополнително прави економската активност годинава да биде помала од очекуваното. Сегашните проценки се дека економскиот раст ќе изнесува околу 2 %  што ине би било лошо ако така се заврши, но прашањето е што ќе се случува следната година за кога сеочекува дека зголемените каматни стапки ќе имаат најголеми ефекти на производството во смисла на помалку инвестиции. Така што пред нас е среднорочен период на ниски стапки на економски раст, релативно  присуство на проблеми на пазарот низ призма на  инфлација, неизвесност на пазарот на енергенси и храна, како и генералната неизвесност којашто е поврзана со геополитичката ситуација во светот.Сето тоа ќе допринесе во следните 2-3 години да трпи стандардот на населението, нема да има раст и едноставно најверојатно ќе има натамошен пад на куповната моќ.

Ги споменавте зголемените каматните стапки како еден од придружните елементи на обидите да се намали инфлацијата. Какви ќе бидат последиците, и тоа особено по економската активност?

-Сигурно дека ќе има  последици по стопанството.Поголеми се трошоците на задолжување за финансирање на зголемување на производствените капацитети, за закуп на нови објекти, набавка на опрема и машини. Од друга страна, се регистрира и  раст на каматите на кредитите и кај населението.Кога имате рата за стан тоа за вас претставува  егзистенциален проблем кој станува приоритет кој го плаќате со повисоки камати итрошоци, и со самото тоа ви останува помал простор запотрошувачка во малопродажбата.Проблем е што растот на каматите дополнително ја оптоварува и државата.На пример, во Србија речиси целокупниот ДДВ е колку и износот на исплата на долговите кои стасуваат на годишно ниво.Самото зголемување на каматите значи раст на трошоците за задолжување, го зголемуваат притисокот врз буџетот, и на тој начин го  намалуваат просторот да се вложува во одредени социјални политики кои треба да ги ублажат последиците од кризата.

Токму намалувањето на потрошувачката е последицата на која предупредуваат голем број економисти. Какви се проекциите во однос на тоа како овој процес ќе се движи?

-Кога ќе ги погледнеме количините увидуваме дека смалувањето на потрошувачката е процес кој  веќе се случува.Во малопродажбата имаме пад од 5-6 %.Во услови кога парите ја губат вредноста, прометот е мал , дури и  кај основните животни производи што говори дека луѓето се се порационални. Оттука, дефинитивно постои влијание врз падотна потрошувачката, на намалувањето на можноста за раст на стопанскиот аутпут кој главно се базира на инфраструктурните проекти во кои вложува државата.

Колку изнесува во моментов инфлацијата во Србија и колку средства се потребни за елеменентарно функционирање на едно четиричлено семејство?

-Според последното мерење, инфлацијата изнесува 11,5%, што е континуиран пад во последниве месеци ако се знае дека во март, април  таа беше 16,2 % .Очекувањата се дека до крај на годинава ќе падне на 9,5%и на тој начин, со едноцифрена инфлација би ја  преминале психолошката граница

Но сега проблемот е во еврозоната каде два месеца инфлацијата не сопира без разлика на растот на каматните стапки.Сега има и најави со нафтата како проблем бидејќи цената е последица на намаленото производство во Саудиска Арабија и извозот од Русија и сето тоа дополнително влијае на инфлаторниот притисок.Дополнително се приближува зимата и ќе видиме каква ќе биде ситуацијата и со другите енергенси.Сето тоа може да доведе до тоа стапката на инфлација да остане на релативно високо ниво во догледно време,односно во следните 6 месеци.

Кога зборуваме за трошоците, кај нас согласно  статистиката се  зема просекот на трошоци на тричлено семејство, значи не е веќе на четиричлено, како што е на пример во Германија. Проценката е дека потрошувачката  кошничка седвижи во износ од околу  100 000 динари, или  900 евра, и тоа во услови кога платата е 750 евра, а тоа значи дека  ви недостасуваат  околу 150 евра.Имајте предвид дека тоа е само потрошувачка кошничка а покрај неа имате и други потреби што се финансираат како што се одморот, образованието на децата, нов автомобил.Треба да се има предвид дека  едно  просечно  семејство обично има две просечни плати што значи дека примањата се поголеми од износот на кошничката. Она што најмногу говори за тоа каков е нашиот стандард е што во нашата потрошувачка кошничка  учеството на храната и пијалоците е 50 %, а во Германија е 15 %.Саатницата на работник во Србија е 2.5 евра а во Германија е 12 евра.Очигледна е разликата.

Се поставува прашањето дали и покрај сите претходно наведени негативности можеме да се надеваме на светло на крајот на тунелот?

-Што е позитивно во Србија? Не расте невработеноста, имаме генерално макроекономска стабилност, и понатаму имаме нови  инвестиции, пристигнуваат голем број  мигранти  кои придонесуваат,односно ја поддржуваат потрошувачката за таа да не падне повеќе од сегашното ниво. Особено е важно да имаме инвестициски циклус во насока на најавените вложувања за Еxpо 2027 кој ќе се одржи во Србија со учество на други регионални економии, да имаме прилика низ тие инфраструктурни вложувања да се одржува виталноста на стопанството.Тоа значи изградба на хали, патишта, објекти со ангажирање на што повеќе домашни компании со што се одржува нивната стопанска активност до моментот кога се очекува економското закрепнувањето на глобално ниво.Моментално ситуцијата е таква што секаде по медиумите се појавуваат теми кои се политички мотивирании делуваат загрижувачки кај инвеститорите кои поради политички ризик решаваат да не вложуваат во регионот, во рамки на Западен Балкан. Кога ние, економските аналитичари навлегуваме подлабоко во анализите поврзани со ваквите написи  гледаме дека единствено станува збор за  прашина која се дига во јавноста, а која единствено ги обесхрабрува  инвеститорите. Треба да внимаваме на овој момент, но и да ја имаме предвид актуелната геополитичката ситуација и фрагментацијата на светското производство. Наш основен приоритет треба да бидеекономскиот раст, бидејки се базираме на инвестиции од светот, на обидите да извезуваме надвор од Европа. Токму оваа ситуација  можеби треба  да ја искористиме како прилика да се интегрираме повеќе во рамки на тој европски економски простор, но и максимално да ги реализираме  иницијативите за меѓусебнарегионална економска соработка кои неоправдано се етикетираат  како политички здружувања, што секако е сосема погрешно.

К.В.С.

Слични содржини