Неправда, Родри го нема меѓу кандидатите за играч на сезоната во Премиер лигата!

Шпанецот Родри го нема на листата на кандидати за фудбалер на сезоната во англиската Премиер лига.

Иако со Родри на теренот, Сити нема пораз повеќе од 15 месеци (од 5 февруари 2023 наваму), сезонава има 7 гола и 9 асистенции, врши голема работа и во одбрана и во напад, сепак тоа не е доволно за шпанскиот играч за врска, кој на Граѓаните им донесе титула во Лигата на шампионите минатата сезона да биде на листата на најдобри, што е изненадување за многумина.

Кандидати за играч на сезоната во Премиер лигата се Фил Фоден, Ерлинг Халанд, Александер Исак, Мартин Одегард, Кол Палмер, Деклан Рајс, Оли Воткинс и Вирџил ван Дајк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести