Адвокатот Александар Михајловски на мрежата Твитер го искоментарира одговорот на лидерот на Левица Димитар Апасиев, за повикот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкски, кон Знам и Левица за обединување за македонско национално единство.

Апасиев е Тројански коњ во опозицијата и мора да одработува за ДУИ. Македонскиот Бенедикт Арнолд во клучната битка му се приклучи на Аскерот. После избори “ќе виси” на ѕидот на срамот!, напиша Михајловски на Твитер.