11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Дерала: Русија спроведува различни стратегии за да влијае во земјава и регионот, шират дезинформации и пропаганда

„Во конктестот на Северна Македонија, Русија спроведува различни стратегии за да изврши влијание и да ги промовира своите интереси не само во земјата, туку и во регионот. Ние сме многу важна земја и сме раскрсница меѓу различни влијанија и процеси во регионот но и многу пошироко“ рече Џабир Дерала од Цивил на конференцијата „#МКвоЕУ: Предизвици и перспективи“.

Тој додаде дека кампањите за дезинформации во медиумите и оналјн платформите се одвиваат преку ентитети кои се поддржани од Русија.

„Тие активно шират дезинформации и пропаганда со цел да го обликуваат јавното мислење и да ја поткопаат довербата во западните демократии и западните институции. Овие кампањи за дезинформации често се фокусираат на чуствителни политички прашања вклучително и дебатите околу членството во НАТО и односите со соседните земји“ рече Дерала.

Тој додаде дека еден од наративите е присутен и во кампањите, кој сугерира дека ападот прекумерно ги фаворизира немакедонските етнички заедници,осоебно Албанците на сметка на македонското етничко мнозинство, на сметка на македонските идентитетски и други карактеристики и интереси.