Гасперини: Серија А е најтешка

од Симе Стоиков

Аталанта има реванш од четвртфиналето на Лига Европа против Ливерпул во кој брани голема предност. Убедливата победа на „Енфилд“ уште еднаш направи дебата за местото на Серија А како лига, а свое мислење се изјасни и тренерот на клубот од Бергамо, Џан Пјеро Гасперини.

Минатата сезона Серија А имаше три екипи во четврт-финалето на Лигата на шампионите, две во полуфиналето, а Интер играше во финалето. Исто така, во трите европски натпреварувања Серија А имаше по еден финалист. Сепак, оваа сезона Италијанците не се толку успешни, особено во Лигата на шампионите каде не се меѓу осумте најдобри, но сепак се во конкуренција за двата преостанати трофеи. Затоа, Гасперини нема дилема.

– Најтешка е Серија А. Можеше да се види дека скоро сите натпревари од Серија А се доста рамноправни и тешки. Тоа особено се виде во пресметката со Верона – изјави Гасперини.

Во Лигата на Европа, Аталанта е на прагот да се пласира во полуфиналето, бидејќи во Бергамо против Ливерпул ќе брани 3:0. Италијанците ќе имаат уште еден полуфиналист во ова натпреварување, со оглед на тоа што играат Рома и Милан (прв натпревар 1:0 за Рома во Милано).

Во Конференциската лига во игра се уште е Фиорентина.

Слични содржини