Таравари тврди дека Мицкоски е подготвен за уставни измени, очекува гаранции од Брисел и Вашингтон

Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на Алијанса за Албанците, вчеравечер на ТВ21 во емисијата „Клик Плус“ изрази задоволство од ставот на премиерот Христијан Мицкоски, кој не поставува услови, туку бара гаранции од Брисел и Вашингтон за уставните измени да бидат завршен чекор кон ЕУ членството. „Христијан Мицкоски инсистира на гаранции дека ова ќе биде завршниот услов за влегување во Европската Унија и предлага уставните измени да стапат на сила по остварувањето на членството“, сподели Таравари.
Во меѓувреме, Венко Филипче, лидер на СДСМ, изјави дека е подготвен да ги преземе сите политички ризици кои доаѓаат со усвојувањето на уставните измени. Тоа го изнесе за време на своето обраќање во Брисел, каде што учествуваше на настан организиран од Програмата „Вили Брант“ и Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите. „Секој чекор што го правиме кон остварувањето на овие измени, иако ми може да ми ја загрози политичката кариера, сум целосно посветен на промените што водат кон напред“, потенцираше Филипче.

Пронајдете не на следниве мрежи: