• понеделник, 30 декември 2024
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Директорката на „Козле“ на средба со Таравари по реакциите за проблеми на Клиниката

Директорката на „Козле“ на средба со Таравари по реакциите за проблеми на Клиниката

Скопје, 19 декември 2024 (МИА) - Директорката на Универзитетската клиника за респираторни болести кај децата - „Козле“, Каролина Симоновска денеска беше на средба со министерот за здравство Арбен Таравари по реакциите во јавноста за проблеми на Клиниката. Таа ја опиша средбата како „доста конструктивна“, а на прашањето дали ќе остане директорка, одговори дека се надева дека ќе остане.

Симоновска во изјава за медиумите рече дека изминатите четири месеци, од нејзиното назначување за директор, постојано се ширеле и пласирале лаги, не само за неа, туку за целиот здравствен персонал во болницата.

- Тоа се шест лица, не би сакала со име да бидат наведени, затоа што мислам дека не е во ред, кои од политички причини и сопствени цели сакаат буквално да ја оцрнат мојата работа во нашата Клиника, додаде Симоновска.

Таа рече дека работи по закон и дека најлошо во целата ситуација е што политиката влегла на мали врати во болницата.

Според неа, одредена партија не можела да се помири со тоа дека нема повеќе директор од нивната партија во клиниката.

Таа, како што рече, го поканила министерот да ја посети болницата и да ја види фактичката состојба.

Вработени во Клиниката излегоа со соопштение до јавноста, велејќи дека многупати писмено реагирале до институциите со цел да предупредат на, како што посочија, „катастрофалните последици што се неизбежни со оваа директорка“. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан