Милан ќе проба да ја спречи шампионската прослава на Интер

3616 Рома – Болоња (18.30 часот)

Ова е дуел на два тима коишто имаат добри шанси во следната сезона да играат во Лигата на шампионите, со оглед на тоа дека Италија ќе биде пет места во елитното европско натпреварување. Рома е во малку подобра форма, но и позаморени се игрчите, во четвртокот имаа меч во Лигата на Европа. Волчицата има повеќе и дадени и примени голови во споредба со Болоња. Кога играат овие два тима во последните неколку години, редовно тоа се средби со 0-2 гола. Во декември во Болоња, Рома беше поразена со 2-0, а Волчицата на последниот меч дома против Болоња победи со 1-0.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.01)

 

3617 Милан – Интер (20.45 часот)

Победа на Интер во ова градско дерби ќе значи обезбедување на титулата. Интер има само еден пораз сезонава во Серија А, но двапати во последните пет кола одигра нерешено. Ова се двата најефикасни тима во лигата, но тоа не е гаранција дека ќе има многу голови поради притисокот кој го носи играњето толку важен меч, плус тоа Интер е тим и со најдобра одбрана, само со 17 примени погодоци со 32 меча. Есеноска кога Интер ја имаше улогата на домаќин, го разби Милан со 5-1. Во септември 2022 беше последната победа на Росонерите над Интер.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.12)

 

1360 Севилја – Мајорка (21.00 часот)

Севилја неочекувано сезонава се бори за опстанок, но има две победи по ред и тоа без примен гол, ако ја победи и Мајорка, ќе може полесно да дише. Мајорка има шест бода повеќе од 18-тиот Кадис, па и на ним им требаат бодовите. Последните пет лигашки мечеви на Мајорка беа со 0-1 гол, а така беше и во декември, кога Мајорка ја победи Севилја со 1-0, така што тешко дека и вечер може да има некаква голеада.

Предлог тип: 1 (2.10)

 

1022 Мидлсборо – Лидс (21.00 часот)

Лидс е во криза, освои само еден бод во последните три кола и домашните ќе се обидат да го искористат тоа за да ја продолжат својата серија без пораз, која сега е девет меча по ред, последниот пораз им беше на 2 март. Лидс се бори за директен влез во Премиер лигата, а ако не победи вечерва, ќе му биде тешко да ја оствари таа цел. Во декември, кога играа во Лидс, Лидс победи со 3-2, со сите пет гола во првото полувреме. Мидлсборо пред шест години ја извојува последната победа над Лидс.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.91)

 

1545 Фаренсе – Бенфика (21.15 часот)

Кај овој пар не треба да се залетувате по двојката поради традицијата. Бенфика има само теоретски шанси за освојување на титулата во португалската лига, но ќе сака да победи и да не дозволи нов кикс против десеттопласираниот и за нив традиционално незгодниот Фаренсе како во декември, кога во Лисабон беше 1-1, или лани, кога на гости кај Фаренсе ремизираше 0-0. Бенфика е во лошо расположение и поради елиминацијата од Лигата на Европа, тешко дека може да победи убедливо.

Предлог тип: 2 & 2-3 (3.05)

- Оглас -

Најнови вести