Вести Македонија

Дали историчарите од мешовитата комисија ја вмешаа црквата во државни работи?

И претставници на МПЦ-ОА и Даријан Сотировски, претседател на комисијата за односи меѓу верските заедници оценија дека од две држави формираната мешовита историска комисија не може и не смее да се меша во црковни прашања откако вчера бугарскиот историчар Димитров рече дека бугарската страна иницирала да се разговара и за промена на училишните лекции кои се однесуваат на Охридската Архиепископија.

Според Сотировски, црковните прашања не смеат да бидат тема на дискусија на мешовитата историска комисија, а Охридската Архиепископија има јасна и потврдена историја за нејзиното создавање.

Македонските историчари треба да бидат внимателни и одговорни доколку се бара дискусија од нив за заокружената македонска црковна реалност.

И владици од МПЦ-ОА наведуваат дека историската комисија нема што да бара на нивен терен затоа што црквата е одделена од државата, а Охридската Архиепископија никогаш не била бугарска, како што стои и во дела тамошни реномирани унивезритетски професори.

Владиката Петар е незадоволен и што комисијата воопшто разговарала и утврдувала историски карактер на светците од средниот век кои твореле во рамки на Охридската Архиепископија.

Бугарските историчари имале забелешки како е претставена Охридската Архиепископија во нашите учебници

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Њујорк поништи една од пресудите за силување

Дејан Дејан

Во урнатините на Кан Јунис пронајдени 392 мртви тела

Дејан Дејан

Новинарите во Србија подлегнуваат на самоцензура поради закани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе