Вести Македонија

Гир: Не коментирам предизборни изјави, очекуваме уставни измени

Евроамбасадорот Дејвид Гир не ги коментира изјавите на министерот за надворешни работи и кандидат за претседател Бујар Османи дека без уставни измени нема да може да се формира влада.

Гир вели дека не коментира предизборни пораки. На новинарско прашање дали ваквите изјави може да бидат вовед во политичка криза, Гир вели дека очекуваат уставни измени за внесување на Бугарите во македонскиот устав заради продолжување на патот кон ЕУ. Османи минатата недела рече дека нема да може да има Влада без договор за уставни измени.

„Ние сме во среде изборна кампања и не одговорам на прашања за политички прашања. Се разбира, очекуваме спроведување на уставните измени кои ѝ овозможуваат на земјата да напредува на својот пат кон Европската унија. Сакаме тоа да се случи што е можно поскоро“, рече Гир.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поништен е тендерот за прскање против комарци во Скопје, прескокнат е терминот за прскање за ларви, а комарците веќе се намножија

Дејан Дејан

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе