На последниот ден од предизборната кампања раководството на ОО СДСМ Охрид и кандидатките за пратенички од оваа партија во 5-та изборна единица беа меѓу граѓаните. Тие ги повикаа охриѓани да ги поддржат нив, како и кандидатот за претседател Стево Пендаровски на претстојните избори со цел, како што истакнаа, да се овозможи напредок на државата.

Драги сограѓани, драги наши охриѓани,
8 мај е денот кога сите граѓани кои сакаме прогрес на нашата држава треба да се мобилизираме!
8 мај е денот кога сите треба да го дадеме гласот за ЕВРОПСКА Македонија!
Единствена опција ни е напредокот на државата и одење напред кон европска иднина. А тоа е можно само со СДСМ бидејќи само нашата програма нуди просперитет.
Не сакаме да дојде повторно до назадување, доста беше од враќање назад!!!
На 8 мај да заокружиме број 1!!! Да го дадеме гласот за НАШИОТ СТЕВО и за кандидатската листа на пратеници од Коалицијата за европска иднина! – порачаа охридските социјалдемократи.