Вести Македонија Најважни

Палевски, осомничениот за ликвидацијата на Вања и пензионерот Панче ќе биде екстрадиран, но не се знае кога МВР ќе го преземе

Љупчо Палевски Палчо ќе биде вратен во Македонија откако сите административни процедури и потписите на турските министри за правда и за надворешни работи се ставени врз барањето за екстрадицијата на осомничениот за две убиства кои на крајот на ноември ја згрозија Македонија.

Палевски е осомничен за убиствата на ученичката Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. Министерот за правда Кренар Лога преку обраќање на Фејсбук потврди дека ја добил информацијата.

  • Ве информирам дека денес со официјална информација од Република Турција добивме одобрение за екстрадиција на лицето Љупчо Палевски. Позитивниот исход на постапката произлегува после сите максимално преземени мерки и активности од делокругот на надлежности на Министерството за правда, стои во ФБ статусот на Кренар Лога, министер за правда.

Единствено што се уште не е јавно објавено и потврдено е кога Палевски ќе биде донесен од Турција во Македонија. Ниту од јавното обвинителство немаат такви детали, но соопштија дека веднаш ќе биде спроведен во затворот во Шутка.

  • Јавното обвинителство тукушто е известено дека Министерството за правда добило официјална информација од Република Турција дека се одобрува екстрадицијата на лице осомничено за две кривични дела грабнување, како и за две убиства на свиреп начин. Постапката за екстрадиција ќе биде спроведена преку МВР. По предлог на Основното јавно обвинителство Скопје на осомничениот веќе му е определена мерка притвор која треба да започне да се применува веднаш по неговото испорачување, соопшти Обвинителството.

На 22-ри ноември лани во Велес исчезна Панче Жежовски, со неговиот автомобил. Неколку дена подоцна исчезна и основката Вања Ѓорчевска, а истиот 27-ми ноември на падините на Скопска Црна Гора беше откриен запалениот автомобил на Жежовски.

Неколку лица беа уапсени на 1-ви декември, а полициската истрага кулминираше со откривање на закопаните тела на двете жртви кои биле ликвидирани со куршум во глава.

Првоосмничениот Палевски уште тогаш беше избеган, а турската полиција го откри и уапси по меѓународна потерница во градот Баликесир. Оттогаш, 5 месеци е во екстрадициски притвор во турски затвор.

Уште 4 лица се осомничени за двете убиства и грабнувањата, а меѓу нив е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски кој од затворски е префрлен во домашен притвор.

Миомир Серафиновиќ

Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе