Утрински Весник
Магазин

Како да спречите губење на колаген: Докторски совет за сите постари од 40 години

Kolagen Koza 1.png

Колагенот е едноставно незаменлив кога станува збор за спречување на стареењето на кожата. По 40-тата година доаѓа до драстично губење на колаген од 1% годишно. Затоа, „новите 30-ти“ се идеална возраст за да започнете да преземате мерки во вашата рутина на лицето за да ја ублажите оваа загуба и да го забавите стареењето на кожата.

Дали знаевте дека колагенот е најзастапениот протеин во човечкото тело? Или дека има многу видови на колаген и дека нашето тело произведува околу 28 различни видови? Која е важноста на овој протеин во нашето тело и која е неговата суштинска улога во негата на кожата против стареење, објаснува д-р Мерс Кампој, експерт за естетска и ласерска медицина и член на Одборот на директори на Секцијата за естетска медицина на Колеџот за лекари во Барселона.

„Колагенот е структурен протеин на екстрацелуларната матрица што се наоѓа во сврзното ткиво“, објаснува д-р Кампој. Всушност, тоа е една од оние добро познати козметички активни состојки кои ги произведуваме и природно, бидејќи е присутна во формирањето на различни ткива како што се кожата, тетивите, лигаментите, рожницата и коските.

“Колагенот го има во изобилство во амино киселините пролин и хидроксипролин. Затоа, колагенот е одговорен за обезбедување цврстина и отпорност на ткивото и се произведува во фибробластите, клетки лоцирани во дермисот”, објаснува докторот по естетска медицина.

Зошто се грижиме за тоа на козметички план? Неговата главна функција е да создава и одржува ткивни структури, како да се некој вид столбови на зградата. И „произведува отпорни и флексибилни влакна кои ги спојуваат тетивите, мускулите или кожата – таканаречените сврзни ткива – давајќи им цврстина и еластичност“, објаснува д-р Кампој. Накратко, колагенот „делува како поддршка за влакната на дермисот, обезбедувајќи конзистентност, флексибилност и еластичност“.

Според експертите, од 30-тата година производството на колаген во кожата почнува да се намалува. Како резултат на тоа се појавуваат првите знаци на стареење, „помалку хидрирана кожа, грубост, први брчки, опуштеност на лицето и губење на густината на кожата“, вели докторот.

6 навики кои го спречуваат производството на колаген

-Намалете ја изложеноста на сонце и носете соодветна заштита од сонце секој ден.

-Додадете храна богата со колаген во вашата исхрана. Овој протеин е присутен во месото како пилешко, мисирка, туна, лосос, млечни производи, јаткасти плодови и желатин. Освен тоа, го има и во морските алги.

-Д-р Кампој исто така смета дека е неопходно во исхраната да се вклучат намирници богати со витамини Ц, Е и А, бидејќи тие придонесуваат за создавање на колаген.

-Намалувањето на потрошувачката на шеќер е уште еден клуч за спречување на губење на колаген што го истакнува д-р Кампој. „Се покажа дека шеќерот ја зголемува стапката на напредни крајни производи за гликација (AGEs) кои ги оштетуваат протеините и го прават колагенот кревок“, објаснува докторот.

-Намалете ја потрошувачката на тутун и алкохол: ова е општа препорака за нега на кожата, која во овој случај одговара на „ефектот на разградување на колагенските влакна“.

-Лекарот препорачува и употреба на специфична козметика која промовира создавање на колаген и прибегнување кон естетски медицински третмани кои го поттикнуваат неговото создавање.

Можете да прочитате

Овие хороскопски знаци секогаш велат дека ќе тренираат пред летото

Намирници за поздрав појадок за лица со над 40 години

Во овие знаци најлесно е да се заљубите