logo
logo
logo

„Многу е тешко ДА ОСТАНЕШ БЕЗ ОРГАНИ и да се расправаш по судови со ДОКТОРИ КОИ НЕ ПРИЗНАВААТ ВИНА“

Vecer | 24.01.2023

„Многу е тешко ДА ОСТАНЕШ БЕЗ ОРГАНИ и да се расправаш по судови со ДОКТОРИ КОИ НЕ ПРИЗНАВААТ ВИНА“

Многу е тешко да останеш без органи и да се расправаш по судски врати со докторите кои не ја признаваат вината, изјави Јилдиз Вепоска по денешното рочиште.

Во струшкиот Основен суд денеска се одржа рочиште од судскиот процес за Веапоска, родилката од Дебар на која и беа отстранети три органи по породувањето со царски рез, против тројца лекари од Болницата во Струга.

Прв пат на денешното рочиште во судницата се сретнаа оштетената Веапоска и обвинетите. Давајќи исказ за целиот случај на Вепоска и се слошило во судницата, па по пет минутна пауза рочиштето продолжило. Обвинетите лакари, пак кажале дека не чуствуваат вина и побарале ново вештачење за случајот.

Првоосомничениот, гинекологот и тогашен директор на Болницата во Струга, Мухамед Асани одби да даде изјава за медиумите.

Според обвининето, тројцата лекари се товарат дека на родилката Веапоска и биле отстранети бубрег, матка и јајник. Како што е појаснето при породувањето со царски рез и ја оштетиле левата бубрежна артерија, но не презеле мерки, туку и давале терапија при што паднала во шокова состојба. Повторно ја оперирале и ја отстраниле матката и левиот јајник иако не биле оштетени. Крварењето не престанало па со втор зафат утврдиле дека е оштетена артерија. Тогаш и бил отстранет и левиот бубрегот и била пренесена на КАРИЛ во Скопје.

Судскиот процес почна во јуни минатата година, но поради отсуство на обвинетите неколку пати беше одлаган. Следното рочиште е закажано за 10 март.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk